По обилните дождови изминатата недела, саботата носи нови врнежи, но веќе од попладне се очекува разведрување.
Викендот ќе помине во знакот на постепена стабилизација — доволно сонце за прошетка и пријатни температури за декември.
Во Скопје утре се очекуваат утрински врнежи и провејувања, со дневна температура околу 10 °C, а вечерната ќе се спушти до 4 °C.
Во недела времето ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди, а максималната температура ќе достигне 11 °C. Понеделник носи умерено сончево време и благ пораст на температурите.
За оние што остануваат во градот — добро е чадорот да е при рака, особено во утринските часови. Неделата е поповолна за викенд-разонода, прошетки и кратки излети.
