Познатиот словенечки метеоролог Марко Короšец предупреди преку Severe Weather Europe дека овој викенд Европа ќе биде погодена од силно невреме. Тој изјави дека невремето ќе настане поради длабока зона на низок притисок која се развива над северниот Атлантик и се движи кон западна Европа, носејќи дожд и ладна воздушна маса.
Ќе дојде до навлегување на ладен арктички воздух што ќе предизвика обилен дожд, снег и силни ветрови. Во петок ќе ја погоди Велика Британија и Ирска, а во сабота системот ќе се прошири кон Белгија, Холандија и Франција, а потоа ќе се помести кон Германија и Алпите.
Се очекуваат силни ветрови со удари до 120 км/ч, снежни падавини и опасни услови на патиштата. Системот може да погоди и северна Италија и дел од Словенија. Свеж снег се предвидува во многу области, вклучувајќи северна Велика Британија, северна Иберија, алпскиот регион, западен Балкан и централна Европа. Повеќе снег ќе има и низ источна Европа и Скандинавија.
Временските услови и условите за патување брзо ќе се влошат во западна и централна Европа бидејќи зимската олуја ќе ја погоди Европа за време на викендот.
Температурните аномалии ќе бидат најизразени почетокот на следната недела, со вредности значително под просекот во Шпанија, Португалија и Франција.