Виена ја гради првата зграда со рециклиран бетон

Градот Виена направи уште еден голем чекор кон кружната економија и заштитата на животната средина, со изградбата на првата јавна зграда од рециклиран бетон. Овој проект обезбедува „втор живот“ на градежниот отпад.

Виена како метропола е позната по својата посветеност на зачувување на природата, а преку овој градежен проект сака да ја зголеми свеста за важноста на рециклирањето и да покаже дека рециклираниот бетон може да се користи како алтернатива на обичниот бетон.

Новата зграда, која ќе биде завршена во средината на 2024 година, ќе биде работно место за 250 вработени во одделот за отпад, чистота и управување со возниот парк во Виена, информираат од Градот Виена.

Зградата ќе има зелена фасада, соларни панели на покривот, дванаесет полначи за електрични возила и систем за вентилација со повраток на топлина. Ќе се користат и еколошки методи за снабдување со топла вода.

Овој пионерски проект не само што служи како инспирација за градежните фирми кои се скептични за употребата на рециклиран бетон, туку и поставува нов стандард во градежништвото. Виена уште еднаш се докажува како лидер во одржливиот развој и го покажува патот кон иднината без отпад.

Извор: energetskiportal.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни