(Видео)Вонредна состојба во Лос Анџелес: Евакуација на повеќе од 30.000 луѓе поради пожар

Според пишувањата на американските медиуми, километри долж Билевардот Сансет се наоѓаат автомобили кои се напуштени, откако нивните сопственици биле принудени да, поради големата сообраќајна гужва, пешки ја напуштат прибрежната населба која се наоѓа помеѓу Малибу и Санта Моника.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи денеска вонредна состојба во округите Лос Анџелес и Вентура поради шумски пожар кој го зафати предградието Пасифик Пелисадс, поради што е наредена и евакуација на околу 30.000 луѓе, пренесува РТС.

Гевин Њусом исто така објави дека Калифорнија обезбедила грант за помош во управувањето со пожарот од Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) за да се обезбеди достапност на витални ресурси за сузбивање на пожарот во Пасифик Пелисадс, објавено е на официјалната интернет страница на гувернерот, јавува РТС.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Белата куќа ќе направи сè што може за да ја поддржи локалната власт во Лос Анџелес во одговор на оваа ситуација.

Според пишувањата на американските медиуми, километри долж Билевардот Сансет се наоѓаат автомобили кои се напуштени, откако нивните сопственици биле принудени да, поради големата сообраќајна гужва, пешки ја напуштат прибрежната населба која се наоѓа помеѓу Малибу и Санта Моника. Многумина во паника ги оставале автомобилите покрај патот, кои булдожери морале да ги отстранат за да може да поминат екипите за итни случаи, а прибрежниот пат, кој го користат за евакуација, е зтворен.
Пожарот избувнал вчера и брзо се проширил, а се обидуваат да го гасат десетина пожарникари, кои користат и хеликоптери за гасење на пожарот.

Во ова време од годината, во таа област дува ветер познат како Санта Ана кој, според метеоролозите, би можел да прерасне во најголемата бура во последните десет години, пренесува Гласот на Америка.

Во сила е предупредување за ветер кој е „опасен по живот“.

Во пожарот кој избувнал во Пелисадс, кој зафатил повеќе од 2.900 хектари, досега нема повредени. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, напишала на социјалните мрежи дека пожарникарите „агресивно“ се борат против пожарот.

„Жителите на таа област се повикуваат да ги следат предупредувањата за евакуација и да ги слушаат упатствата од официјалните лица за јавна безбедност“, напишала Бас.

До вторник вечер, друг пожар избувнал километри далеку од пожарот во Пелисадс, во Алтадена, Калифорнија, што довело до итна евакуација откако се проширил на 200 хектари за 30 минути, според Пожарната служба на Лос Анџелес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни