Видеото од доставувач во Индија стана вирално: Немал гориво, па земал коњ

Видео од доставувач на храна во Индија стана вирално, а јасно е и зошто. Тој одлучи да ја изврши испораката – на коњ.

Имено, доставувач кој работи за Зомато е снимен како јава коњ низ улиците на Хајдерабад во јужна Индија, а на грбот носи корпа со храна.

Зошто доставува храна на коњ?
Како што пишува The Guardian, доставувачот го изнервирале долгите редици на бензинските пумпи и сообраќајниот метеж. Исто така, останале без гориво.

„Немам бензин за мојот мотор. Три часа чекам ред на бензинската пумпа. Не можев да набавам бензин”, рекол доставувачот.

Се качил на коњ и така ја доставил храната.

Недостигот на гориво настанал затоа што штрајкувале камионџиите во Хајберленд. Тие штрајкуваат поради предлог-законот на Владата, според кој предизвикување сообраќајна несреќа, а потоа бегство од местото на несреќата ќе се казнува со затворска казна до 10 години. Штрајкот беше прекинат откако владата се согласи на консултации.

Извор: index.hr

Најново

Последни колумни