Актерката Анџелина Џоли беше на премиерата на филмот „Едингтон“ на Канскиот филмски фестивал.
Големата светска ѕвезда за црвениот тепих доби и свој телохранител, но изгледа дека баш и не уживала во неговото присуство.
На социјалните мрежи се прошири видео на кое Анџелина ја избегнува неговата близина, ја врти главата од него и не гледа во очи, а многумина се загрижени зошто таа така се однесува.
„И треба телохранител од сопствениот телохранител“, „Не и се допаѓа“, „Очигледно не и е удобно“, „Се чувствувам под стрес кога го гледам тоа. Знам дека тоа е нивна работа, но ве молам оставете ја да дише!“, напишаа корисниците на социјалните мрежи.
Но, други застанаа на страната на телохранителот и повторија дека тој само си ја работи својата работа.
„Начин да се уништи нечиј живот и углед“, „Замислете јавно да ве срами и критикува дека си ја вршите работата“, „Да беше проблем, веројатно досега ќе го избркаше“, напишаа тие.