Трагедија во Вашингтон

(Видео)Судир на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон: До сега нема преживеани, се извлекуваат тела од замрзната река

Полициски официјалци за CBS news изјавиле дека спасувачките екипи пронашле 18 тела на местото на несреќата и дека досега не е пронајден ниту еден преживеан. Властите сè уште не објавиле официјални информации за бројот на жртви.


Патнички авион со 60 патници и четири члена на екипажот, се урнал при слетување во Вашингтон. Непосредно пред падот, се случил судар во воздухот со воен хеликоптер. Спасувачки екипи извлекуваат безживотни тела од ледената река. Несреќата се случила околу 21 час по локално време. Авионот летал од Вичита за Вашингтон, а хеликоптерот со кој се судрил бил на тренажен лет.

https://twitter.com/i/status/1884812644290285780

Претседателот на компанијата American Airlines, Роберт Исом, се огласил по страшната трагедија во која најмалку 18 лица загинале.
„Овој ден е тежок за сите нас во American Airlines. Знам дека има многу прашања и во овој ран период не ќе можам да одговорам на сите. Активно работиме со локалните, државни и федерални власти… Потполно соработуваме. Сакаме да дознаеме сè што можеме за денешните настани“, рекол Роберт Исом.
Летовите кои требало да слетаат на националниот аеродром Реган се пренасочуваат на меѓународниот аеродром Далес, кој е на околу 50 километри. На аеродромот Реган сите авионите се приземјени, а на мониторите патниците се информираат да ги контактираат своите авио-компании.

Извлечени 18 тела од водата
Полициски официјалци за CBS news изјавиле дека спасувачките екипи пронашле 18 тела на местото на несреќата и дека досега не е пронајден ниту еден преживеан. Властите сè уште не објавиле официјални информации за бројот на жртви.

Непосредно пред падот на патничкиот авион во кој имало 60 патници и четири члена на екипажот, контролорите на лет во националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон ги прашале пилотите на воениот хеликоптер дали имаат регионален авион во видик кој пристигнува на аеродромот, што се слуша на аудио снимката.

Главниот метеоролог на NBC, Даг Камерер, рекол дека во моментот на трагедијата температурата на водата во реката во која паднале леталата била околу 2 степени Целзиусови.
Камерер додал дека на таа температура некој во водата може да издржи само 15 до 20 минути пред да започне да трпи од хипотермија.

Националниот аеродром Роналд Реган ќе остане затворен за сите летови во следните неколку часа, соопштиле официјалци. Сите летови се пренасочуваат.

Од Пентагон потврдиле за BBC дека хеликоптерот „Black Hawk“ полетал од база Форт Белвор во Вирџинија.
„Можеме да потврдиме дека летелицата која била вклучена во вечерашниот инцидент била воен хеликоптер UH-60. Работиме со локалните официјалци и ќе дадеме повеќе информации подоцна“, соопштиле тие.

Извор од државни служби потврдил за CNN дека има потврдени смртни случаи и дека спасувачите сè уште не извлекле преживеани од водата. Изворот рекол дека авионот е во делови во водата, а хеликоптерот паднал во близина, исто така во реката.

Сопругата на Хамад Рази била во патничкиот авион во Вашингтон кој се сруши во реката близу аеродромот по сударот со воениот хеликоптер во воздухот.
Тој рекол дека неговата сопруга му испратила порака дека „слетуваат за 20 минути“.

Ари Шулман, кој минувал покрај аеродромот во моментот на сударот, рекол дека се се случило за неколку секунди. Тој за CNN рекол дека бил во својот автомобил на автопатот близу аеродромот, дека сè изгледало нормално и дека видел како авионите слетуваат, но дека еден авион посебно привлекол внимание.

Повеќе од десет спасувачи ја пребаруваат реката во потрага по преживеани.
„Десетици пожарникари се ангажирани во нуркачки операции. Тие прават сè што можат да донесат преживеани на безбедно“, рекол Едвард Кели, генерал-претседател на Меѓународната асоцијација на пожарникари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни