Ако корисникот упати видео повик во Wi-Fi сигнална мрежа, HD видеото автоматски ќе биде овозможено како стандардно. Корисникот, во случај да го оствари повикот преку својата мобилна мрежа и да ги користи своите мобилни податоци, ќе може рачно да го вклучи HD видеото.
Од поставките, поточно од менито со опции за повици, се активира опцијата за потиснување на звуците и бучавата во позадина и за изолирање на гласот.
Корисникот на апликацијата Фејсбук сега може да испраќа аудио и видео пораки, доколку лицето кое го бара не одговори на повикот.
За повиците кои не биле одговорени, доволно е да притиснете „Сними порака“ и да снимите аудио или видео порака што примачот ќе може да ја види следниот пат кога ќе ја користи апликацијата.
Facebook Messenger, покрај горенаведените опции, наскоро ќе добие и AI позадини во видео повиците.
Има и уште една новина, која е резервирана само за корисниците на уредите на Apple. Тие сега ќе можат да го користат виртуелниот асистент Siri за да им помогне да остваруваат повици на Messenger и да испраќаат пораки.