(Видео)Нилски коњ од зоолошка градина во Тајланд ја предвиде победата на Трамп

На животното му беа понудени два оброка од врежано овошје и секој со име. Едниот го носеше името на демократската кандидатка Камала Харис, а другиот го имаше името на поранешниот претседател Трамп

Ѕвездата на социјалните мрежи Му Денг, нилски коњ од зоолошката градина во Тајланд, денеска предвиде дека републиканецот Доналд Трамп ќе победи на претседателските избори во САД. Му Денг од двете понудени јадења го избра „Оброкот за Трамп“, за да процени кој ќе победи на неизвесните избори во САД.


На животното му беа понудени два оброка од врежано овошје и секој со име. Едниот го носеше името на демократската кандидатка Камала Харис, а другиот го имаше името на поранешниот претседател Трамп.



Животното избрало да го проба оброкот кој го носи името на 78-годишниот републиканец.

Му Денг, чиј вид е загрозен, стана особено популарна во САД, до тој степен што комичарот Бовен Јанг ја имитираше во скеч на култната американска телевизиска програма „Saturday Night Live“, емитувана од NBS.

Американската телевизиска мрежа направи и дополнителна анкета за тоа кој би победил доколку кандидати на изборите бидат Му Денг, Камала Харис и Трамп.

Му Денг би победил со 93 отсто од гласовите.

Егзотичните животни, инаку, редовно „ги предвидуваат“ резултатите од некои светски настани, понекогаш и успешно. За време на Светското првенство во фудбал во 2010 година во Јужна Африка, познатиот машки октопод Пол ги предвиде победниците на натпреварите избирајќи помеѓу две кутии со храна.

Тој од својот германски аквариум ги погоди резултатите од сите натпревари на германската репрезентација, како и победата на Шпанија во финалето.а време на Светското првенство во фудбал во 2010 година во Јужна Африка, познатиот машки октопод Пол ги предвиде победниците на натпреварите избирајќи помеѓу две кутии со храна. Тој од својот германски аквариум ги погоди резултатите од сите натпревари на германската репрезентација, како и победата на Шпанија во финалето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни