(Видео)Историски момент во вселената: Астронаутите видоа невиден дел од Месечината

Мисијата Artemis II испиша историја, астронаутите поставија нов рекорд и сведочеа за ретка целосна затемнување на Сонцето од длабоката вселена.

Мисијата Artemis II испиша ново поглавје во историјата на истражувањето на вселената. Екипажот не само што се оддалечи подалеку од Земјата од било кога досега, туку и сведочеше на редок и досега невиден космички спектакл, целосно затемнување на Сонцето набљудувано од длабоката вселена.

Овој исклучителен настан се случил додека вселенското летало Orion ја обиколувало темната страна на Месечината.

За време на прелетот зад Месечината, комуникацијата со Земјата била привремено прекината, очекуван дел од мисијата и траела околу 40 минути.

По повторното воспоставување на врската, астронаутката Кристина Кох прва се јавила во контролата на летот.

„Прекрасно е повторно да се слушне Земјата“, изјавила таа, прекинувајќи ја тишината од вселената во моментите кога леталото започнало да се враќа кон нашата планета.

Соборен рекорд стар повеќе од половина век

За време на обиколувањето на задната страна на Месечината, „Орион“ достигнал рекордна оддалеченост од 406.771 километар од Земјата, најголема досега во историјата на човештвото. Со тоа е надминат досегашниот рекорд поставен од мисијата Apollo 13 во 1970 година.

Астронаутите порачаа дека се надеваат нивниот рекорд „нема долго да трае“, испраќајќи предизвик до идните генерации да одат уште подалеку во вселената.

Неверојатен призор: затемнување од длабоката вселена

За време на мисијата, екипажот сведочел на целосно затемнување на Сонцето – глетка што ја опишале како „надреална“.

Пилотот Виктор Гловер изјавил дека призорот „тешко може да се опише со зборови“, додека командантот Рид Вајсман додал дека „мозокот едноставно не може да го обработи тоа што го гледа“.

Сончевата корона создала светлосен ореол околу Месечината, додека Земјата светела во позадина. Зад темниот диск на Месечината биле видливи ѕвезди и планети. Во еден момент, екипажот го забележал и Марс во далечината, додека од контролата на мисијата била потврдена и видливоста на Венера.

Овој редок космички спектакл уште еднаш потврдува дека човештвото влегува во нова ера на истражување на вселената – со погледи што досега постоеле само во теорија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни