(видео)Дубаи во пламен, има жртви во Абу Даби – туристичкиот рај во вителот на војната

Градовите што до вчера беа симбол на луксуз и безбедност сега се соочуваат со најсериозна безбедносна криза во својата модерна историја.

Обединети Арапски Емирати преку ноќ се најдоа во центарот на ескалацијата меѓу Иран, Соединетите Американски Држави и Израел. По американско-израелските удари врз Иран, Техеран возврати со ракетни напади врз американски цели во регионот, а меѓу погодените подрачја се најдоа Дубаи и Абу Даби.

Сирени за воздушна опасност и силни експлозии одекнувале доцна во ноќта, додека системите за противвоздушна одбрана пресретнувале проектили над градовите.

Погоден аеродромот во Дубаи

Според локални извештаи, за време на нападите бил погоден Dubai International Airport. Најмалку четири лица се повредени. Аеродромот претрпел „помала штета“, според официјални информации а летовите од DXB и DWC се привремено суспендирани

Илјадници патници останале заглавени во терминалите, а властите апелираа граѓаните да не се упатуваат кон аеродромите до понатамошно известување.

Ракети над Бурџ Калифа и Палма Џумејра

На социјалните мрежи се појавија снимки од проектили што го параат небото над Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот. Според непотврдени информации, била започната евакуација од објектот поради безбедносни причини.

Експлозии се пријавени и во близина на: Лука Џебел Али – едно од најважните светски логистички јазли. Палма Џумејра – луксузното вештачко острово. Драматични видеа покажуваат туристи покрај базени додека над нив се гледаат траги од пресретнати ракети.

Има жртви во Абу Даби

Во соседниот Абу Даби е пријавена и првата цивилна жртва – лице од азиско потекло, кое загинало кога делови од пресретната ракета паднале врз станбена зона. Пријавена е и значителна материјална штета.

Напнато и во Катар

Во Доха биле активирани системите за тревога, а катарските власти соопштија дека пресретнале иранска ракета насочена кон земјата. Граѓаните добиле пораки на мобилните телефони со повик да останат во затворен простор.

Градовите што до вчера беа симбол на луксуз и безбедност сега се соочуваат со најсериозна безбедносна криза во својата модерна историја.

Додека ракетите го осветлуваат ноќното небо, светот внимателно следи дали конфликтот ќе се прошири уште повеќе низ регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни