(видео)Доналд Трамп: „Почна златното доба на Америка“

Во говорот за состојбата на нацијата, Доналд Трамп прогласи „златно доба на Америка“, истакнувајќи економски успеси, рекордни берзи и засилена глобална позиција на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор за состојбата на нацијата во вторникот прогласи дека започнало „златното доба на Америка“.

„Нашата нација се врати – поголема, подобра, побогата и посилна од кога било досега“, изјави Трамп на почетокот од обраќањето пред двата дома на Конгресот. „Ова е златното доба на Америка“, додаде тој.

Во говорот, претседателот ги пофали, како што рече, клучните достигнувања на неговата администрација – од рекордни берзански индекси и ниски цени на горивата, до спречување на влезот на фентанил на американска територија.

Трамп оцени дека САД денес во светот се „почитувани можеби како никогаш претходно“ и дека земјата „победува толку многу што веќе не знае што да прави со тоа“.

250 години од независноста

Годинешниот говор се одржува во особено значајна година за САД, која во јули ќе ја одбележи 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност.

Обраќањето доаѓа само неколку дена откако Врховниот суд поништи клучни царински политики на Трамп. Одлуката создаде неизвесност кај глобалните трговски партнери на САД, кои сега ги проценуваат можните последици од пресудата.

И покрај тоа, Трамп во говорот испрати порака на оптимизам, претставувајќи ја економската и политичката насока на земјата како почеток на нова ера на американска доминација и просперитет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни