(Видео) Жителите на Прилеп спречија нов обид за отворање рудник за мермер од Бехтел и Енка

Прилепчани го спречија обидот на Бехтел и Енка да отворат нов рудник за мермер, покажувајќи дека силата е во народот и заштитата на природата.

Утрово, жителите на Прилеп повторно излегоа на раскрсницата за село Плетвар, спречувајќи обид на компаниите Бехтел и Енка, со придружба на полиција, да отвораат нов рудник за мермер. По деветмесечна блокада на патот кон стариот коп, локалното население покажа дека упорноста и организацијата можат да го одбранат своето тло, воздух, реки и извори за вода.

Граѓаните го истакнаа своето право да одлучуваат за судбината на својата земја, без разлика на одобренија и потписи на институциите. Веднаш по блокадата, државата и компаниите повторно се обидоа да влезат, но прилепчани повторно се организираа и остануваат на линијата за одбрана.

„Силата е во народот“ – порачаа жителите, потсетувајќи дека локалната заедница има клучна улога во заштитата на природата и ресурсите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни