ВИДЕО: Жители на Барселона со пиштоли на вода ги прскаат туристите

Барселона е дестинација што привлекува милиони туристи. Иако туристичкиот прилив придонесува за економијата на градот, жителите се жалат дека кириите пораснале за 18% во споредба со минатата година поради масовниот туризам.

Фотографиите покажуваат демонстранти со натписи „Барселона не се продава“ и „Туристи, одете дома“. Снимките на Би-Би-Си прикажуваат демонстранти како ги прскаат туристите со водени пиштоли и извикуваат „Оди дома!“

Протестот беше и против ефектот на туризмот врз локалните работни услови и трговијата, вклучувајќи го и она што некои владини претставници велат дека е речиси 70 отсто пораст на цената на становите во последната деценија.

Во последните месеци, претставниците на Барселона презедоа мерки за решавање на проблемот со прекумерниот туризам. Градот ја зголеми туристичката такса во април, според USA Today, и планира забрана на сите краткорочни изнајмувања во јуни.

„Потребна е поголема понуда на станови, а мерките што денеска ги презентираме се насочени кон обезбедување поголема понуда за работничката средна класа да не мора да го напушта градот бидејќи не може да си дозволи стан“, изјави градоначалникот на Барселона, Жаум Колбони. Тој истакна дека оваа мерка нема да ја промени состојбата веднаш.

Во 2023 година, Барселона забрани на бродовите за крстарење да се приклучуваат на еден од нејзините терминали со цел да се реши проблемот со пренатрупаноста и загадувањето.

Извор: https://www.travelpulse.com/news/destinations/barcelona-residents-protest-mass-tourism-and-spray-tourists-with-water

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни