(ВИДЕО) Вулканот Етна, повторно исфрла лава, паника на Сицилија

Еден од најактивните вулкани во Италија, Етна, од минатиот викенд повторно исфрла лава, објавија италијанските медиуми. Властите соопштија дека внимателно ја следат ситуацијата и дека нема причина за паника. 

Првите, слаби ерупции беа забележани на 8 февруари, а тенки потоци од лава беа регистрирани и во вторникот на јужната падина на кратерот познат како Бока Нуова (Нова уста), објави веб-страницата nationalworld.com. Не се забележани значителни промени во параметрите на вулканот, објави опсерваторијата Етна на италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (INGV). 

Како што е соопштено, лавата тече во многу тесна линија и се протега на само неколку стотици метри, па се карактеризира како „нормална вулканска активност“. Вулканот Етна, на островот Сицилија, е највисокиот активен вулкан (3.330 метри) во континентална Европа, пренесува Блиц, повикувајќи се на Танјуг.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни