(ВИДЕО) ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ НА ФИЛИПИНИТЕ: Турист го нападнал крокодил – „Мислеше дека е статуа“

Маж (29) бил сериозно повреден откако влегол во ограден простор со крокодил, мислејќи дека станува збор за пластична статуа. Како што пренесува Independent, инцидентот се случил во паркот Kabug Island Mangrove and Wetlands во провинцијата Замбоанга Сибугај, на југот на Филипините.

Според полицијата, мажот ја забележал женката крокодил по име Лалај како лежи мирно во плитка вода. Верувајќи дека е декорација, тој ја прескокнал жичената ограда, влегол во просторот и се обидел да направи селфи со телефонот. Тогаш крокодилот го нападнал – го гризнал за ногата и почнал да го влече.

„Туристот мислел дека станува збор за пластичен украс. Влегол во просторот и крокодилот веднаш реагирал“, изјави наредникот Џоел Сајолга од локалната полиција за Daily Mail.

Крокодилот го држел 30 минути

Сопственикот на крокодилот, Нандинг Паноган, кој се грижи за животното, притрчал да помогне. Според локалните медиуми, крокодилот не го пуштил човекот цели 30 минути. На крајот, Паноган влегол во оградениот простор и со парче бетон ја удрил Лалај по главата, принудувајќи ја да го отпушти залакот.

Повредениот турист завршил со преку 50 конци

Медицинските служби пристигнале брзо, му го запреле крварењето и го префрлиле во болница. Мажот има тешки рани на раката и бутот, но, за среќа, мускулите и коските му се зачувани.

„Имаше голема среќа што остана жив. Никој не смее да влегува во оградени простори со диви животни – го загрози и својот и туѓите животи“, додаде наредникот Сајолга.

https://twitter.com/i/status/1917486454361501985

Снимен моментот на нападот

На интернет се појави вознемирувачко видео, снимено од сведоци, на кое се гледа како крокодилот го зграпчува мажот и го изведува т.н. “death roll” – техника со која крокодилите го совладуваат и распарчуваат пленот. Сведоците вриштеле додека гледале како животното го влече човекот низ водата.

Засега паркот не се огласил, а истрагата продолжува. Еден од очевидците за медиумите изјавил:

„Не ми е јасно зошто некој би направил толку глупав потег. Среќа што преживеа – ногата не му е скршена, но раната на раката е многу сериозна.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни