ВИДЕО: Уништениот Лос Анџелес

Пожарникарите во Лос Анџелес се подготвуваат за нова закана – силен ветер, кој според предвидувањата на националната метеоролошка служба може да достигнат брзина до 75 километри на час. Тоа ќе значи „експлозивниот раст“ на пожарите.

Шумските пожари коишто беснеат во регионот од 7 јануари продолжуваат да предизвикуваат разорувачки ефекти, одземајќи животи и уништувајќи илјадници домови и објекти. Според извештаите, најмалку 153.000 жители биле евакуирани, додека 166.000 се под предупредување за евакуација. Властите истражуваат најмалку 24 смртни случаи поврзани со пожарите, а продолжуваат операциите за пребарување и спасување. Пожарите досега уништија повеќе од 40.000 хектари земја во округот, а беа уништени повеќе од 12.000 објекти, вклучувајќи домови, деловни простори и верски објекти.

Шефот на противпожарната служба, Кристин Кроули, го опиша ова како „еден од најпредизвикувачките природни настани во историјата на градот“ и повика жителите да бидат подготвени и постојано да се информираат. Во делови на округот Лос Анџелес, училиштата се затворени, а жителите се советуваат да избегнуваат употреба на вода од чешма и да се заштитат од загадениот воздух со носење маски N95 или респиратори P100. Се препорачува ограничување на активностите на отворено и користење на прочистувачи на воздух.

Иако пожарите во некои региони почнуваат да се ставуваат под контрола, околу 89% од пожарот во Херст е изгаснат, а 27% од пожарот во Итон е под контрола, сепак, околината останува во опасност. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, истакна дека повеќе од 14.000 луѓе, вклучувајќи припадници на Националната гарда, се ангажирани во гаснењето на пожарите. Според него, ова може да биде „најлошата природна катастрофа во историјата на САД“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни