Видео: Украле ли Нирвана песна од Парни ваљак?

Вирално видео во кое се споредуваат песните на „Нирвана“ „About a Girl“ и „Hrast“ на „Парни ваљак“ се шири на социјалните мрежи, а многумина пишуваат дека американскиот бенд ја украл песната од хрватската група.

„Оваа песна ми ја испрати еден обожавател на Нирвана. Дали мислите дека се слични и која верзија ви е омилена?“ корисникот Илај Алпгирај објави делови од гореспоменатите песни.

Нирвана ја издадоа песната „About a Girl“ во 1988 година, а Парни ваљак ја објави „Hrast“ во 1979 година како дел од албумот „Gradske priče“.

„Југославија имаше неверојатна рок сцена. Музиката беше многу подобра тогаш отколку што е денес“, „Да, тие се слични, но рифот е едноставен. Секако е заразен, но и многу обичен. Многу е веројатно дека двата бенда независно дошле до истата идеја“, се некои од коментарите.

Многумина во коментарите споменаа дека Крист Новоселиќ, еден од основачите на Нирвана, е по потекло од Хрватска. „Интересно. Басистот на Нирвана е Хрват. Можеби му ја покажал оваа песна на Курт?“, „Тој посетувал средно училиште во Хрватска, која тогаш била дел од Југославија“, напишале тие.

„Крист Новоселиќ живеел во Хрватска на почетокот на 80-тите и, според неговата биографија, слушал бендови од поранешна Југославија како ‘Азра’ и ‘Забрањено пушење’. Дефинитивно можел да биде под влијание на ‘Парни ваљак’. Нивната песна „Love Buzz“ од албумот „Bleach“ сигурно има ‘балкански’ призвук“, пишува во еден од коментарите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни