ВИДЕО: Торцида и Бед Блу Бојс со договорена масовна тепачка во Сплит пред денешното дерби

Утрово се случила масовна тепачка во Сплит во пресрет на фудбалското дерби Хајдук – Динамо Загреб, а според снимките објавни на социјалните мрежи таа била договорена.

Се појави видео на кое се гледа целата масовна тепачка што се случила утрово во населбата Пујанке во Сплит.

На видеото се гледаат две групи навивачи како релативно мирно се приближуваат една кон друга, што ги потврдува првичните информации дека станува збор за однапред договорена пресметка. Снимката, исто така, покажува дека имало значително повеќе членови на Торцида отколку на „Бед Блу Бојс“, кои, според неофицијални информации, броеле околу 50.

„Откако полицијата брзо пристигна во Пујанке за да спречи понатамошен конфликт, голем број учесници во настанот беа приведени на местото на настанот.“

Во овој момент, повеќе од 100 лица се доведуваат во полициската станица, ќе се спроведе увид на лице место и се води кривична истрага. „Неколку лица побараа медицинска помош“, соопшти полицијата околу 11 часот.

Сплитската полиција претходно го прогласи натпреварот помеѓу Хајдук и Динамо, кој ќе се игра на Пољуд со почеток во 16 часот, за натпревар од висок ризик и најави спроведување на мерки карактеристични за вакви настани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни