Ова беше и единствениот концерт оваа година на овој бенд, а самиот настап беше проследен на нивниот канал на Јутјуб, а според најавата го следеа над милион луѓе ширум светот.
Новото издание содржи осум песни – „A Fragile Thing“, „Alone“, „And Nothing Is Forever“, „Warsong“, „Drone:Nodrone“, „I Can Never Say Goodbye“, „All I Ever Am“ и „Endsong“ и е достапен во различни формати – како ЦД, винил, двојно ЦД и двојно ЛП.
Сите приходи од продажбата на овој албум ќе бидат донирани на War Child UK, британска добротворна организација која им помага на децата во областите зафатени од војна.
Почетокот на ноември го означи и објавувањето на долгоочекуваниот албум „Songs Of A Lost World“, кој го претставува првото издание на The Cure по 16 години и првиот албум што го достигна првото место на топ листите во Велика Британија од 1992 година.
За албумот „Songs Of A Lost World“, аранжманите и текстот ги напиша Роберт Смит, продукцијата и миксот се направени во соработка со Пол Коркет, а песните ги изведува целиот бенд: Роберт Смит – вокал, гитара, бас и клавијатури, Сајмон Галуп – бас, Џејсон Купер – тапани и перкусии, Роџер О’Донел – клавијатури и Ривс Габрелс – гитара. Изданието „Songs Oa A Live World: Troxy London MMXXIV“ го вклучува и Пери Бамонте на гитара, бас и клавијатури.
The Cure е формиран во 1978 година и моментално има над 30 милиони продадени албуми ширум светот, четири пати беа насловни на фестивалот Гластонбери, станаа членови на најголемата рок институција – Рокенрол Куќата на славните во 2019 година. Со текот на годините тие создадоа армија од обожаватели, а нивната богата дискографија стана жанр за себе, спојувајќи ги њу вејв и панкот со неоготска величественост, правејќи ги еден од највлијателните британски бендови на сите времиња.
Последниот албум на The Cure беше 4.13 Dream од 2008 година, кој се искачи на 16-то место на Билборд 200.
Изданието „Songs Of A Lost World: Troxy London MMXXIV“ е достапно во Србија на Spotify, Apple Music, Deezer, Tidal и YouTube Music, како и ширум светот.