Видео: Силно невреме го погоди Загреб

Најпогодено било поширокото подрачје на градот, а особено Нови Загреб, каде налетите на ветер предизвикале хаос на улиците

Утрово, седми јули силно невреме го зафати главниот град на Хрватска, Загреб.

Најпогодено било поширокото подрачје на градот, а особено Нови Загреб, каде налетите на ветер предизвикале хаос на улиците.

Граѓаните на социјалните мрежи споделија драматични снимки, на кои се гледа како силниот ветер ги подига и фрла контејнерите за ѓубре, пластичните столици и разни други предмети низ улиците и дворовите.

За сега, не се пријавени посериозни материјални штети, информираат хрватските медиуми.

Метеоролозите претходно предупредија дека се очекува драстична промена на времето, а за делови од земјата — вклучувајќи ја Славонија, Истра, Кварнер и Далмација — беше издаден портокалов метеоаларм. За останатите региони, вклучително и Загреб, важи жолт метеоаларм.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни