(ВИДЕО) Шест лица загинаа, меѓу кои и три деца при пад на хеликоптер во Њујорк

Хеликоптер се сруши вечерва во реката Хадсон, во близина на западниот брег на Менхетен, предизвикувајќи смрт на сите шест патници – три возрасни лица и три деца. Несреќата се случила во близина на улицата Спринг и автопатот Вест Сајд, недалеку од пристаништето Пиер 40 и влезот во тунелот Холанд.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, потврди на прес-конференција дека сите патници и пилотот загинале на лице место. Првичните информации укажуваат дека станува збор за туристи од Шпанија.

„Во овој момент, сите шест жртви се извлечени од водата и прогласени за мртви“, изјави Адамс пред медиумите.

Несреќата се случила околу 15:15 часот по локално време, во близина на Џерси Сити и скулптурата Water’s Soul. Според сведочења, хеликоптерот почнал да се ниша во воздух, а потоа нагло се урнал во реката. Очевидци виделе како од хеликоптерот паѓаат делови додека се наоѓал во воздух, што отвора сомнежи дека леталото се распаднало пред ударот.

На теренот веднаш реагирале повеќе служби за итна помош, вклучително и противпожарната служба на Њујорк со копнени и поморски тимови, како и полицијата. На снимките објавени на социјалните мрежи може да се забележи делумно потопен хеликоптер во реката Хадсон, опкружен со спасувачки чамци и полициски сили кои ја следат ситуацијата од блиските мостови.

Причините за несреќата засега не се познати, а истрагата е во тек. Се очекуваат повеќе детали од страна на надлежните институции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни