Во краткото, но забавно видео, Шекеринска се приклучи на играта и својата работа ја опиша како „мусака“ – мешавина од сè во еден сад. Таа додаде дека преку својата функција придонесува за безбедноста на повеќе од една милијарда луѓе ширум светот.
Водителот, поставувајќи едноставни прашања, успеа да ја погоди нејзината функција за нешто повеќе од една минута, откако Шекеринска спомена дека нејзината улога е политичка и дека често се среќава со лидери на држави.
Настапот предизвика позитивни реакции на социјалните мрежи, каде многумина ја пофалија Шекеринска за нејзиниот непосреден настап и чувство за хумор.