Пожарите кои веќе шест дена беснеат низ Лос Анџелес оставија најмалку 16 мртви, а во сабота се проширија на области кои претходно беа поштедени.
Еден од најтешките пожари, пожарот Eaton во близина на Пасадена, однел 11 животи, додека пет други жртви се регистрирани во округот Pacific Palisades. Од вторник на широка територија на Лос Анџелес горат неколку големи пожари, но овие два се најстрашни.
Најголемиот пожар Eaton Пожарните служби проценуваат дека од вторник, повеќе од 5300 куќи се уништени во округот Pacific Palisades, а стравуваат дека повеќе од 7000 згради се уништени или оштетени во пожарот Eaton.
Шефот на пожарната служба во округот, Ентони Марон, предупреди дека заканата од пожарите е и понатаму голема поради силни ветрови, сув воздух и сува вегетација.
Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, изјави дека пожарникарите од Мексико пристигнале во Лос Анџелес за да се придружат на повеќе од 14.000 лица кои веќе се борат со пламенот.
„Калифорнија е неизмерно благодарна на поддршката од нашите соседи во борбата против шумските пожари во Лос Анџелес“, напиша тој на социјалната мрежа X.
Закана за долината Сан Фернандо Канадерите продолжија да фрлаат вода и други средства за гасење на стрмните брда во сабота, обидувајќи се да го спречат ширењето на пожарот Palisades во Лос Анџелес кон исток, додека гасењето на земја беше интензивирано поради предупредувањата за удари на ветер од 110 км/ч кои можат да ја влошат состојбата.
Во последните 24 часа, пожарот Palisades се прошири за дополнителни 400 хектари, проголтувајќи нови домови, известија официјалните лица.
Пожарот сега се заканува на густо населената долина Сан Фернандо, како и на музејот Getty и неговите непроценливи уметнички дела.
Се очекуваат нови жртви кога пожарникарите ќе можат да извршат претрага од куќа до куќа.
Разорни пожари во Лос Анџелес: делови од градот уништени Два големи пожари веќе проголтале повеќе од 14.500 хектари. Службите за пожарникарство проценуваат дека 11% од пожарот Palisades е сега под контрола.
Националната метеоролошка служба предупреди за засилување на ветровите во ноќта кон недела во округот Лос Анџелес и Вентура, како и повторно од понеделник вечер.
Наредбите за евакуација во регионот на Лос Анџелес сега опфаќаат 153.000 жители, додека уште 166.000 се предупредени дека можеби ќе треба да се евакуираат, изјави шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна.
Сепак, забележан е значителен напредок во враќањето на електричната енергија во делови од Лос Анџелес. Извршниот директор на Јужна Калифорнија Едисон, Стивен Пауел, изјави дека сега околу 50.000 потрошувачи останале без струја, што е пад од повеќе од половина милион во споредба со состојбата пред неколку дена.
Пораснати цени на изнајмување по евакуациите Евакуираните лица се соочуваат со растечките цени на изнајмување на станови.
Во сабота, главниот државен обвинител предупреди дека надувувањето на цените во време на катастрофи претставува „криминално дело“ кое носи казна до една година затвор и парична казна од 10.000 долари.