Видео: Роботи на сцена играа на големиот хит на „Квин“

Познати роботски кучиња „Спот“ играа на песната „Don’t Stop Me Now“ од „Квин“.

„Бостон Дајнамикс“ донесе пет од своите познати роботски кучиња „Спот“ на сцената на „Америка има талент“, изведувајќи кореографија на песната „Don’t Stop Me Now“ од „Квин“.

За време на настапот, еден од роботите очигледно доживеал краток спој, па „се онесвестил“ и престанал да работи.

Ова претставува уште еден обид роботите на „Бостон Дајнамикс“ да станат вирални.

Останува да се види дали ова е доволно за лансирање и зголемување на продажбата на роботот, кој чини речиси 75.000 долари.

Погледнете го целиот настап во видеото подолу.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни