Оскаровецот Роберт де Ниро, ѕвезда на криминалистичките филмови „Кум“ (Godfather) и „Добри момци“ (Goodfellas), игра две улоги во филмот – тој ги толкува Вито Џеновезе и Френк Костело, познати мафијашки босови од криминалното семејство Џеновезе од Њујорк.
Филмот е сместен во 1950-тите и ги следи животите на двајца мафиози и нивниот конфликт што доведе до обид за атентат врз Костело.
Филмот го режираше Бери Левинсон, оскаровецот со Rain Man и Bugsy. Сценариото го напиша Николас Пилеги, најпознат по филмовите Goodfellas, American Gangster и The Irishman.