ВИДЕО: Познат турски пејач починал на сред концерт

Турскиот пејач Волкан Конак починал на сцената за време на концерт на Кипар, по што прва помош се обиделе да му пружат лица од публиката.

Прва помош била пружена од присутните пред да биде повикана брзата помош на местото на настанот, пишува на веб-страницата Turkeytoday.

Со возило на брза помош бил пренесен во државната болница Газимагуса во 00:17 часот по локално време. И покрај сите лекарски напори, констатирана е смрт во 00:42 часот. Оваа вест ја потврдија од Министерството за здравство, пренесуваат медиумите.


Целосниот извештај за причините за смртта се очекува од Државната болница Магуса.

Засега не се објавени дополнителни детали во врска со природата на состојбата на Конак или одржувањето на концертот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни