Во близина на скопското село Трубарево горат објекти за складирање на електронски отпад. Црниот чад е видлив веќе неколку часа од сите делови на Скопје. Во гаснењето се вклучија и авион и два хеликоптери.
Во изјави за медиумите директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кажа дека станува збор за хибриден напад.
Ангелов нагласи дека се вклучени сите расположливи сили за гасење на пожарот каде гори пластичен и електронски отпад.
„За гасење гори пласитчен отпад, електронски отпад, се работи за некаква фабрика или магацин за складирање на електронски отпад“ изјави тој.
Во гасење на пожарот се вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје кои претходно интервенирале и во гаснење на пожар во стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче.
Видео Извор 360 степени.мк