Кратко по 2 часот наутро во четврток, избувна пожар во градината на добро познатиот техно клуб „Ренате“.
Драматичното видео од пожарот, снимено од новинар од „ Берлинер Моргенпост“ , ги прикажува пламените јазици како го зафаќаат местото. По добивањето на тревогата околу 02:14 часот, противпожарната служба реагирала со голем број на екипи.
Клубот не бил отворен во тој момент, па затоа никој не бил повреден. Сепак, се чини дека местото претрпело значителна штета во оградениот двор, кој првенствено се користи како пивска градина. Пламенот, наводно, се проширил и на влезот, а персоналот за итни случаи користел моторна пила за да влезе. Благодарение на брзата реакција на противпожарната служба, пожарот не се проширил на околните згради.
Според t-online , локалните жители слушнале експлозии пред да избувне пожарот, а пожарникарите пронашле и неколку боци со гас на местото. Дали тие биле фактор што придонел за тоа, останува нејасно. Портпарол на полицијата коментираше дека не може да се исклучи можноста пожарот да бил подментат.
Овој инцидент се случува во веќе тежок период за Ренате. Клубот треба да се затвори на крајот од годината откако сопственикот на имотот одби да ја обнови лиценцата за објектот. Зградата, исто така, се наоѓа на земјиште наменето за проширување на автопатот А100.