(ВИДЕО) Потресно сведоштво на Јован Костадинов, народен херој од поновата македонска историја

Јован Костадинов, 19-годишното момче од Виница, кое спасуваше повеќе лица од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, пред неколку дена излезе од болница.

Тој беше примен од премиерот на Владата, Христијан Мицковски, а од компанијата Алкалод доби признание во вид на стипендија.


Младиот Јован првпат јавно проговори за неговиот херојски подвиг и раскажа како изгледал неговиот спасувачки поход. Како што вели, и тој сам паднал на колена, му се свртело, очите го печеле и му се повраќало. „Во автомобилот, додека ме носеа во болница со двајца повредени, им ги држев главите на повредените“, откри Јован.

Целото негово сведоштво можете да го погледнете во видеото кое следи. Јован е вистински херој кој Македонија заслужува да го прославува како народен херој сега и засекогаш.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни