(Видео) Погледнете го спектакуларниот неуспех на најновиот проект на Маск

Најновиот тест на огромната ракета Starship на SpaceX не успеа и тоа само неколку минути по нејзиното лансирање.

Официјалните лица од компанијата на Илон Маск изјавија дека горниот дел на ракетата е изгубен поради проблемите што се појавиле по лансирањето од Тексас, во четвртокот, јави Би-Би-Си.

Од тимот велат дека сепак планот е успешен бидејќи  Super Heavy booster, се вратил на рампата за лансирање, привлекувајќи аплауз од тимовите на теренот.

„Starship доживеа брзо непланирано распаѓање за време на фазата на изгореници. Тимовите ќе продолжат да ги анализираат податоците од денешниот тест лет за подобро да ја разберат причината“, објави SpaceX на платформата X.

„Со вакви тестови, успехот доаѓа од она што го учиме, а денешниот лет ќе ни помогне да ја подобриме доверливоста на Starship.

Непроверената снимка споделена на социјалните мрежи покажува нешто што изгледа како ракета која се распаѓа во пламен. Видеото го сподели и Илон Маск. 

„Успехот е неизвесен, но забавата е загарантирана!, објави Маск на платформата X, споделувајќи видео на кое се гледа огнена патека на небото.

Друго видео покажува портокалови светлосни топки како се провлекуваат низ небото над главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, оставајќи трага од чад зад себе.

Маск исто така изјави дека нови „подобрени верзии“ на ракетата и засилувачот „веќе се подготвени за лансирање“.

„Прелиминарните индикации укажуваат на истекување на кислород/гориво во шуплината над штитот на моторот на ракетата, доволно големо за да создаде притисок што го надминува капацитетот на вентилот“, рече Маск подоцна, додавајќи дека „ништо досега не укажува на одложување на следното лансирање следнито месец.”

Снимката од лансирањето собра 7,2 милиони прегледи на преносот во живо на SpaceX.

Системот Starship се симна од Бока Чика, Тексас, во 17:38 часот по локално време за време на седмата пробна мисија на компанијата.

Мисијата е одржана само неколку часа по првиот лет на ракетниот систем Њу Глен, кој е поддржан од компанија во сопственост на шефот на Amazon, Џеф Безос, Blue Origin, .

Инаку, компанијата на Безос, за прв пат во орбитата успешно лансираше ракета, што е огромен скок за компанијата по долгогодишна подготовка.

Двајца технолошки милијардери се борат за доминација на пазарот на вселенски летала.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни