(видео) Паника во Лондон: Пожар во близина на Хитроу, сите летови одложени, а аеродромот се затвора

Хитроу е најголемиот британски аеродром со околу 1300 слетувања и полетувања секој ден. Минатата година низ неговите терминали поминаа рекордни 83,9 милиони патници. Пожарот во трансформаторската станица во Хејс, на западниот дел на Лондон, остави илјадници домаќинства без струја, а околу 150 лица беа евакуирани. Луѓето беа советувани да ги затворат вратите и прозорите поради „значителна количина на чад
epa10913320 Burnt cars are seen at the London Luton Airport Terminal Car Park 2 after a large fire caused a structural collapse overnight in Luton, Britain, 11 October 2023. Due to a fire that spread across the multi-storey car park with 1,200 vehicle capacity, Luton Airport is closed and all the flights cancelled until 15.00 BST on 11 October 2023. EPA-EFE/TOLGA AKMEN


Пожарот на трансформаторската станица во непосредна близина на аеродромот Хитроу во Лондон предизвика хаос во воздушниот сообраќај. Лондонскиот аеродром Хитроу, које еден од најпрометните на светот, најави целосно затворање на наеродоромот за денес поради „значајно исклучување на струја“ како последица на голем пожар во близина и предупреди дека во следните денови се очекуваат „значајни прекини“ во воздушниот сообраќај.

Видео снимки од сведоци го покажуваат големиот пожар кој го осветлува ноќното небо, додека екипите за итни случаи брзаат на теренот.


Пожарникарските екипи се на теренот и засега не е јасно кога струјата може да се врати – изјави портпаролот на Хитроу, додавајќи дека персоналот „работи на се што може за да ја реши ситуацијата“. Патниците не треба да патуваат до аеродромот „под никакви околности“ додека не се повторно отвори, рекоа тие.
Хитроу е најголемиот британски аеродром со околу 1300 слетувања и полетувања секој ден. Минатата година низ неговите терминали поминаа рекордни 83,9 милиони патници. Пожарот во трансформаторската станица во Хејс, на западниот дел на Лондон, остави илјадници домаќинства без струја, а околу 150 лица беа евакуирани. Луѓето беа советувани да ги затворат вратите и прозорите поради „значителна количина на чад“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни