На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како отпаѓа гумата од автомобилот со кој се возел српскиот претседател Александар Вучиќ.
Како што пренесува РТС, повикувајќи се на медиумите и социјалните мрежи, денеска на патот за Мокрин од службениот автомобил на српскиот претседател Александар Вучиќ испаднало тркало.
Според вестите објавени на порталот РТС, по инцидентот Вучиќ се префрлил на друго возило и ја продолжил обиколката на Централниот банатски округ.
— AMiros (@miros_an27575) February 8, 2025
Јавниот сервис вели дека истрагата е во тек.
„По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот митинг во Кикинда. На пат бев со мојот автомобил. Значи дали пукна гумата, или се случи нешто друго тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го сторат тоа. Влегов во друг автомобил и пристигнав во Мокрин“ изјави Вучиќ.