Во една неодамна објавена студија, научниците признаваат дека сè уште немаат објаснување за тоа како дошло до оваа необична средба. Иако е познато дека овие два вида ретко се среќаваат поради нивните различни живеалишта, на снимката која неодамна беше објавена се гледа октопод кој буквално се „шверцува“ на грбот на ајкула – глетка каква што досега не е видена.
Овој необичен момент дополнително го стимулира истражувањето на однесувањето на морските суштества во сложените океански екосистеми, пренесува CNN.