ВИДЕО: Обилните дождови го поплавија Батинци, се излеа Маркова река

Обилните дождови кои денес паднаа во скопско предизвикаа поплави во селото Батинци.
Фото: ТВ21

Од големата количина дожд се излеа Маркова река поради што поплавени се улиците, но и дел од домовите во селото Батинци, пренесе ТВ21.

На терен е излезена механизација која се обидува да го врати течението на реката во нејзиното корито.

Најавите на Хидрометеоролошкиот завод се дека дождот ќе продолжи и во следните денови.

Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, вели дека состојбата се санира, во моментов нема потреба од евакуација, но има материјални штети.

„Во Село Батинци, во Маркова Река има надојдено повеќе вода. На неколку места има излевање од речното корито. Ангажиравме две-три машини малку да ја санираме состојбата. Не знаеме дали ќе продолжи уште, засега има прекин на врнење на дождот, а во околните куќи околу Маркова река има влезено вода во дворовите. Мислам дека за населението не е многу ризично за евакуација, засега има материјални штети по дворовите на неколку домаќинства“, рече тој.

Заменик директорот на Дирекција за заштита и спасување, Кашмир Салиу, додаде дека нема опасност од поплави, и се во постојана координација со градоначалникот на Кисела Вода и Студеничани.

„Нашите екипи се упатени на лице место“, рече тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни