Нов Зеланд ја пречека Новата година во 12 часот по средноевропско време со огномет и прослави низ целата земја.
Пред Нов Зеланд, Новата година пристигна на пацифичките острови Самоа, Тонга и Киритибати (Велигденски Остров), каде што жителите ја дочекаа 2026 година претежно на плажа или на плажни барови.
Кај нив, поради временската зона, Новата година пристигна во 11 часот по средноевропско време.
По нив, Новата година ќе ја дочекаат Австралија, Северна и Јужна Кореја, Тајланд, Индија, ОАЕ, Русија, Јужна Африка и поголемиот дел од Европа.
Потребни се 26 часа за целата планета да влезе во новата 2026 година, па Бразил (04:00 CET), Њујорк (06:00) и Лос Анџелес (09:00) ќе бидат последните што ќе ја дочекаат Новата година.
