(ВИДЕО) Необјавената песна на Тина Тарнер конечно го виде светлото на денот

Необјавената песна на Тина Тарнер, „Hot for You, Baby“, која долго време се сметала за изгубена, конечно е објавена. Песната беше претставена во емисијата на BBC Радио 2 со Марко Гудиером, како дел од специјалното издание на нејзиниот албум „Private Dancer“, по повод 40-годишнината од неговото објавување.

Албумот „Private Dancer“, кој излезе во мај 1984. година, беше голем повраток за Тина Тарнер, откако во 70-те години го напуштила насилниот брак со музичарот Ајк Тарнер. За време на тој период, Тина се борела со финансиски проблеми, живеела од ваучери за храна и настапувала во кабаре за да ги исплати долговите.

Нејзината кариера доживеала пресврт кога групата Rolling Stones ја повикала на својата американска турнеја, а Род Стјуарт ѝ понудил настап на „Saturday Night Live“. Тоа било моментот кога Тина сфатила дека има огромна поддршка од фановите, особено во Велика Британија.

Песната „Hot for You, Baby“ била снимена во Capitol Studios во Холивуд, но беше отфрлена од албумот за да се направи место за хитови како „What’s Love Got to Do with It“ и „Better Be Good to Me“.

Албумот „Private Dancer“ постигнал огромен успех, достигнувајќи ја првата позиција на американската топ листа, а Тарнер освоила четири Греми награди.

По повод 40. годишнината, специјално издание на албумот „Private Dancer“ ќе биде објавено на 21. март. Ова издание ќе содржи досега необјавени песни, изведби во живо и разни снимки, а ќе биде достапно на CD, винил и Blu-ray.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни