Цела вечер и цел ден денеска е тензично во Белград откако граѓаните решија да блокираат фреквентни сообраќајници во знак на протест поради апсењето студенти.
Откако полицијата утрово со радикални методи ги разбива блокадите, граѓаните и студентите во блокада изнаоѓаат различни начини да блокираат.
Една од нив е таканаречената „зебра метод“ односно наместо постојано стоење, тие пешачки премини минуваат постојано вртејќи се во круг.
Тоа дополнително создаде нервоза кај полицијата, па денес на една главна улица во Белград имаше несекојдневна случка каде десетици полицајци обезбедуваат пешачки премин однонсо не дозволуваа на истиот да се премине.
Но ниту тоа не ги поколеба демонстрантите, па така на истата раскрсница се појавија автомобили кои наместо да поминат, застанаа среде пешачкиот давајќи им поддршка на студентите.
И додека трае надмудрувањето помеѓу граѓаните и полицијата, за попледнево најавени се нови блокади на неколку локации низ Белград, но и низ главните српски градови.
Студентите во блокада не попуштаат на притисоците на режимот и бараат исполнување на нивните барања.