ВИДЕО: На кого му дошло до огномет среде денови на жалост во Скопје?

Огномет вечерва беше испукан во центарот на Скопје, додека траат деновите на жалост поради трагедијата во Кочани.

Според видеата споделени на социјалните мрежи може да се види дека огнометот е испукан покрај кејот на Вардар во центарот на Скопје, во близина на Градскиот парк, поради што граѓаните на социјалните мрежи негодуваат.

Сите коментари се со критики кон огнометот, дека денови на жалост поради загубени 59 млади животи не се моменти кога треба да се прославува и пука огномет.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни