(ВИДЕО) Најпознатиот валцер на светот оди во вселената: Конечно ќе се исправи „космичката неправда“.

Кога златните плочи на Војаџер емитуваа звуци и слики од Земјата во 1977 година, како и 90 минути музика, Штраус беше неправедно заборавен.

Познато парче класична музика ќе биде емитувано во вселената во чест на 200-годишнината од раѓањето на композиторот Јохан Штраус и 50 години од Европската вселенска агенција (ESA).

Композицијата „На прекрасниот син Дунав“ беше испратена во вселената вчера, на 31 мај во изведба на Виенската филхармонија. Настанот ќе се пренесува во живо, а ќе има бесплатни проекции во Виена, Мадрид и Њујорк.

За да се избегнат технички проблеми, ќе се користи верзијата од пробата на оркестарот, снимена претходниот ден, додека настапот во живо ќе служи како придружба.

„На прекрасниот син Дунав“ ќе помине покрај Месечината за само 1,5 секунда. Почнувајќи од големата антена на ESA во Шпанија, сигналот ќе стигне до Марс за 4,5 минути, Јупитер за 37 минути и Нептун за четири часа.

Ако се оди според планот, Војаџер 1 на НАСА, најоддалеченото вселенско летало во светот, ќе пристигне за 23 часа, кога сигналот ќе биде оддалечен повеќе од 24 милијарди километри во меѓуѕвездениот простор.

Туристичката организација на Виена, каде што Штраус е роден во октомври 1825 година, рече дека емитувањето на „најпознатиот валцер на сите времиња“ во вселената ќе ја исправи „космичката грешка“ да не ја вклучи неговата музика во претходните мисии на ѕвездите.

Кога во 1977 година златните плочи на Војаџер – два фонографски дискови – емитуваа звуци и слики од Земјата, како и 90 минути музика, Штраус беше заборавен. Покојниот астроном Карл Саган тогаш ја предводеше комисијата која избираше дела од Бах, Бетовен, Моцарт и Стравински, заедно со модерни и автохтони музички композиции.

НАСА ја одбележа својата 50-годишнина во 2008 година со емитување на „Across The Universe“ на Битлси директно во длабоката вселена, а минатата година агенцијата ја испрати песната на Миси Елиот „The Rain (Supa Dupa Fly)“ во правец на Венера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни