Албанскиот премиер Еди Рама денеска и подари шал на својата италијанска колешка Џорџија Мелони при што и отпеа роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден.
Рама, кој е многу повисок од Мелони, за да и го подари подарокот, клекна на едно колено и пееше „танти аугури“ (среќен роденден). Роденденската сцена се случи на Светскиот самит за идна енергија во Абу Даби каде и двајцата премиери присуствуваат
Албанскио премиер Рама на Мелони и објасни дека подарокот е дело на италијански дизајнер кој се преселил во Албанија.