Имено, во моментот кога требало да запее „It’s time“, најавувајќи ја својата песна, пејачката не можела да го достигне високиот тон, па само испуштила писклив звук кој насмеа многумина.
Снимките од ваквиот кикс на Кери се споделуваат на социјалните мрежи, а дел од коменатарите се дека можеби е време таа да заврши со настапите во живо.
Инаку, All I want for Christmas is you е полн погодок за Мараја Кери, бидејќи според медиумите таа секоја година заработува од 2,5 до 3 милиони долари од нејзиното емитување.
И не само тоа, туку песната ѝ донесе дури 60 милиони долари кога првпат ја објави. А судејќи по сегашната статистика, се чини дека и годинава пристојно ќе заработи од неа.
All I Want For Christmas повторно влезе во топ 100 топ листите на Билборд, каде моментално се наоѓа на 16-то место. Само на 1 декември беше преслушана 8,2 милиони пати на Spotify, додека вкупната бројка низ годините е речиси две милијарди.