Туристка која за време на одмор во Мексико ја оставила балконската врата отворена само неколку минути, доживеала неочекувана „посета“ – мајмун влегол во нејзината хотелска соба. Снимката објавена на TikTok брзо стана вирална и привлече огромно внимание на социјалните мрежи.
Џули Валас го споделила видеото од патувањето во Хcaret, со опис: „POV: ја оставивте балконската врата отворена две минути во Хcaret“.
На видеото се гледа мајмун, најверојатно пајак-мајмун – вид кој е чест во регионот Ривиера Маја. Животното слободно се движи низ собата, скока на креветот, легнува врз перниците и зема парче облека од постелнината. Подоцна, туристката потврдила дека мајмунот ја однел облеката надвор.
Хcaret е еден од најпознатите еко-археолошки паркови во Ривиера Маја. Паркот се простира на над 200 хектари и е познат по богатата природа, подземните реки и заштитените живеалишта на диви животни.
Во него живеат јагуари, тапири, фламинга, како и мајмуни завивачи и пајак-мајмуни.