Search

ВИДЕО: Мадона падна на нејзиниот концерт во Сиетл

Поп иконата Мадона доживеа незгода и падна на бината за време на нејзиниот настап на концертот во Сиетл. За време на кореографијата на песната ,,Open Your Heart’’ каде еден од танчерите требало да ја извлече пејачката со стол до главната сцена, во еден момент таа губи рамнотежа и заедно паѓаат на сцената.

Но според тоа како Мадона изреагира на ситуацијата, многумина искоментираа за тоа како таа е голем професионалец во својата работа.

На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи таа почнува да се смее а член од нејзиниот тим и помага да се качи на друг стол.

,,Ги заборавив зборовите’’ – рече Мадона а веднаш после тоа продолжи со својот настап и кореографија.

Најново

Последни колумни