Видео: Луда завршница во Вашингтон, Медведед ја демолираше опремата

Пред поздравот, може да се види како Медведев го фрла својот рекет на трибините, а потоа ѝ се нафрли на опремата

Дуелот помеѓу Данил Медведев и Корентин Муто донесе неверојатна завршница, можеби една од најлудите во годината.

Во еден од најневеројатните резултати во сезоната, Муте го победи Медведев во четвртфиналето на Вашингтон по пресврт и речиси два и пол часа борба – 1:6, 6:4, 6:4.

Апсолутно никој, веројатно дури ни самиот Французин, не очекуваше ваков исход, особено она што публиката на терен и надвор од него можеа да видат по натпреварот.

На видеото подолу погледнете како изгледаше последниот, решавачки поен.

Пред поздравот, може да се види како Медведев го фрла својот рекет на трибините, а потоа ѝ се нафрли на опремата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни