Кој би рекол дека кралското семејство заедно со армијата се фанови на Тејлор Свифт?
Познатата песна на Тејлор Свифт ”Shake it off” беше изведена од Кралскиот армиски корпус пред Бакингемската палата во петокот за да го одбележи доаѓањето на Тејлор Свифт во Лондон и нејзниот прв настап овде кој е дел од Ерас турнејата на познатата пејачка.
Кралското семејство објави двеминутно видео од чуварите како свират оркестарска верзија на „Shake It Off“ на социјалната мрежа X.
Свифт ќе настапи на стадионот „Вембли“ со 90.000 седишта во Лондон на 21-23 јуни, а потоа повторно на 15-17 и 19-20 август. Картите за сите нејзини настапи веќе одамна се распродадени.
На почетокот на оваа недела таа настапи во Кардиф, Велс, а веднаш потоа на својот инстаграм профил напиша: „Следно: нашиот викенд на Вембли!! Се гледаме утре Лондон!”
Добитничката на Греми – чиј приватен авион стана мета на активистите за климатските промени – претходно живееше во Лондон, заедно со нејзиното поранешно момче Британецот Џо Алвин (33), со кој се забавуваше шест години од 2016 до 2023 година.
Поп-ѕвездата Свифт го споменува градот во неколку нејзини песни, меѓу кои „So Long, London“ и „London Boy“.