ВИДЕО: Коментаторот на РТС се расплака додека најавуваше минута молк за жртвите од Кочани

Коментаторот на српската телевизија РТС не издржа и заплака во живо за време на преносот на натпреварот помеѓу Србија и Австрија додека ја најавуваше минутата молк за повеќе луѓе, меѓу кои и за жртвите од трагедијата во Кочани.

Минута молк пред натпреварот имаше за Душан Маравиќ, Андрија Делибашиќ, Радиша Илиќ, Вукашин Црнчевиќ, како и за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што загинаа 59 млади лица.


Коментаторот Александар Стојановиќ не можеше да ги задржи солзите додека ја читаше најавата и почна да плаче за време на преносот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни