(ВИДЕО) Кога Starship ќе полета на Марс? Илон Маск ги откри плановите, и ги предвиде шансите за успех на важна мисија

Треба да се исполнат неколку услови за да може леталото Starship да се упати кон Црвената планета.

Само два дена откако деветтиот пробен лет на вселенското летало Starship заврши со експлозија, Илон Маск објави дека планира да испрати џиновска ракета на Марс до крајот на следната година.

Во реалноста, можноста за лет до Марс ќе зависи од тоа дали Ѕвездениот брод може да исполни низа сложени технички задачи за време на следните тестови, вклучително и маневар за полнење гориво во орбитата на Земјата по лансирањето. Краток прозорец за летот се отвора кон крајот на 2026 година, кога Земјата и Марс се порамнуваат така што растојанието помеѓу планетите е минимално.

Според видеото за историјата на Starship кое беше објавено на профилот на компанијата SpaceX на социјалната мрежа X, Маск смета дека шансите да се запази овој рок се 50%.

Доколку Starship не е готов дотогаш, SpaceX ќе мора да почека уште две години.

Првиот лет ќе биде управуван од еден или повеќе хуманоидни роботи Tesla Optimus, додека патување со екипаж на Марс е планирано за втора или трета мисија. Според претходните изјави, конечните планови на Маск се да испраќа 1.000 до 2.000 вселенски бродови на Марс на секои две години со цел брзо да формира самоодржлива човечка колонија.

Првично, Маск се надеваше дека ќе испрати вселенско летало без екипаж на Марс уште во 2018 година, а мисија со екипаж до минатата година.

Од друга страна, НАСА сè уште има за цел да ги врати луѓето на површината на Месечината, исто така со помош на ракетата Starship – помина повеќе од половина век од последната мисија на програмата Аполо. Кога станува збор за Марс, американската вселенска агенција не планира да испраќа астронаути пред 2030-тите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни