Видео кое ги освои социјалните мрежи-Татко игра балет заедно со својата ќерка

Кога 3-годишната ќерка на Тони Паопао, Вилоу, се подготвуваше да излезе на сцената за нејзината прва балетска претстава, нејзиниот татко одлучи да и се придружи и со тоа да и пружи поддршка.

Мајката на девојчето , Тијана Паопао го снимила посебниот момент на нејзиното мало девојче и посветениот сопруг.

Видеото кое Тијана го постираше на TikTok на кое двајцата танцуваат на сцената во нивните костими, досега има над 22 милиони прегледи . Паопао напиша: „Тој е најдобриот татко што една девојка може да го има“. Мајката изјави дека Вилоу почнала со часови по балет уште во октомври и се заљубила во овој танц.

Таа вели дека нејзиниот сопруг секоја сабота ја носи нивната ќерка на часови за балет и дека тоа е време кое тие го поминуваат заедно .

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни