Видео: Израелски проектил погоди училиште за девојчиња во Иран – најмалку 40 загинати

Најмалку 40 лица загинаа во напад врз училиште за девојчиња во јужен Иран. Инцидентот е дел од поширока воена операција на САД и Израел.

Најмалку 40 лица, меѓу кои и ученички, загинаа, а 48 се повредени во израелски напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран.

Иранската државна радиотелевизија ИРИБ, повикувајќи се на локален претставник од провинцијата Хормозган, соопшти дека училиштето било директно погодено. Засега не се објавени дополнителни детали за околностите на нападот, јавува агенцијата Анадолија.

Дел од поширока воена операција

Нападот врз училиштето се случил во рамки на поширока воена операција што рано утринава ја започнале САД и Израел против Иран. Како официјална цел на нападите беше наведено „отстранување на безбедносните закани“ што, според нив, ги претставува иранскиот режим.

Во одделни видео-обраќања, американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху навестија поддршка за политички промени во Техеран.

Иран ги осуди нападите како кршење на суверенитетот, најави одговор и започна контранапади.

Ескалацијата се случува во чувствителен момент, додека Оман посредува во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за иранската нуклеарна програма. Последниот круг разговори се одржа во Женева оваа недела.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни